Општо за фирмата

Ваш сигурен лизинг партнер. И повеќе од тоа!

Веќе 40 години правните и физичките лица се потпираат на ПОРШЕ БАНКА како свој партнер во финансирањето.Со своето основање во 1966 година, како дел од концернот Porsche Austria, ПОРШЕ БАНКА стана прва лизинг куќа во Австрија и до ден-денес остана со најголем број на финансирани возила.

Porsche Leasing нуди финансирање не само на возилата од марката Porsche, туку и на сите возила од групацијата на VW.

Компанијата Porsche Bank AG на 21.11.2007 година ја основа фирмата ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ со седиште во Скопје, која нуди најповолни решенија за набавка на автомобили преку лизинг, не само на марката Porsche, туку и на дел од VW групата: Volkswagen, Audi, Skoda и Seat. Инаку Porsche Holding, на која припаѓа Porsche Bank AG e семејна империја во 100% сопственост на фамилиите Porsche и Piëch.

Задоволни сме што врз основа на долгогодишната соработка помеѓу Volkswagen Grupp и Porsche, како и врз основа на нивното богато искуство, успеавме да го пронајдеме вистинскиот пат до исполнувањето на желбите на нашите клиенти, на кои континуирано настојуваме да им дадеме врвни финансиски услуги.

Подетални информации за нашиот основач можете да добиете на интернет-страницата:

www.porschebank.com