Прашања и одговори – оперативен лизинг
Што е оперативниот лизинг(закуп)?
Закупот е договор во кој Закуподавачот му дава возило на употреба на Закупецот, а Закупецот се обврзува дека за тоа ќе плаќа одреден надомест(закупнина). Со договорот не се предвидува откуп и основната замисла е користење на предметот на закуп, а не сопственост над истото. Оперативниот лизинг дава можност Закупецот да го врати возилото по истек на догворот или да склучи нов договор за ново и помпдерно возило.
Кој може да склучи договор за оперативниот лизинг(закуп)?
Договор за оперативен лизинг(закуп) може да склучи и физичко и правно лице.
Које е сопственик на предметот на закуп?
За време на траење на договорот за оперативен лизинг, предметот на закуп е во сопственост компанијата која го одобрила закупот (ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ). По истек на договорот не се пренесува сопственоста на закупецот. Предметот може да се продаде на трето лице кое ќе го определи самиот закупец.
Кои се предностите на закупот?
- Користење на возилото, а не стекнување на сопственост (за разлика од финансискиот лизинг).
- Оптимално користење за правните лица од даночен аспект.
- Закупот за билансот претставува неутрален модел на финансирање , кој не ја зголемува задолженоста на претпријатието и ја подобрува ликвидноста.
- Закупот ја смалува основицата на данокот на добивка со оглед на фактот што ратите во сметководството се водат како трошок.
- Предметот на лизинг во книгите на куќата што го одобрила закупот се води како основно средство.
- Закупнините се плаќаат месечно од приходите кои претпријатието ги остварува од користењето на предметот на закуп и се засновани на принципот: плаќај како што заработуваш.
- Закупнините се фиксни и служат како основа за јасни и прецизна калкулација на трошоците по периоди, што е многу значајно за претпријатието.
Кои се предностите за клиентите доколку одлучат возилото да го земат на оперативен лизинг?
- Возилото не се прикажува како имот во книгите
- Трошоците за закуп на возилото се пресметуваат матерјални трошоци
- Трошоците лесно се планираат бидејќи закупот претставува стабилна структура на трошоците во облик на месечна рата – закупнина изразена во Евра
- Минимално ангажирање на сопствен капитал
- Непостоење на долгорочни обврски – одговороност за возилото само во периодот предвиден со договорот за оперативен лизинг
- По истекот на договорот возилото може да се купи (се купува преку дилерот, а не од куќата која го одобрила закупот), да се замени за ново или да се врати без било каква обврска
- Процедурата за одобрување на оперативен лизинг е едноставна и кратака
- Прилагодливост на понудата
- Закуподавачот и Закупецот можат да договорат и услуги за одржување, сервисирање и замена на делови т.н. Fleet management, како и да го платат осигурувањето, регистрацијата и гумите на рати заедно со основната закупнина
Дали е каско осигурувањето неопходно?
Да, каско осигурувањето е задолжително! Тоа е многу важен елемент на оперативниот лизинг. Каското гарантира надомест на штета во случај на штетен настан за време на траењето на договорот за лизинг.
Што се може да биде предмет на закуп и каде може да се одбере истиот?
ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ одобрува закуп за патнички и комерцијални возила од брендовите Volkswagen, Porsche, Audi i Skoda. Предметот на закуп може да се избере во салоните на нашите овластени дилери на Volkswagen, Porsche, Audi i Skoda.
Кој е минималниот рок на кој може да се склучи договор за оперативен лизинг?
Минималниот рок на кој може да се склучи договор за оперативен лизинг е една година.
Кој е максималниот период на закуп?
Периодот на закуп зависи од бонитетот на клиентот(способноста за плаќање) и од самиот предмет на закуп. Најдолг период на финансирање е 5 години.
Од што зависи брзината на реализација на закупот?
Брзината на реализација зависи првенствено од дали клиентот доставил комплетна документација потребна за добивање на оперативен лизинг. Од моментот на комплетирање на потребната документација до реализација потребни се 24 часа.
Дали депозитот може да биде 0%?
Може, но само за правни лица со исклучително добар бонитет.
Како клиентот ја плаќа закупнината?
Закупнината се плаќа по фактура која се издава за секоја месечна закупнина на почетокот на месецот. Фактурата треба да се плати до 15-ти во месецот во согласност со планот на плаќање.
По кој курс се уплаќаат закупнините?
Закупнините се плачаат по продажниот курс на Комерцијална банка АД Скопје на денот на издавање на месечната фактура.
Каква е процедурата на префрлање на договорот за оперативен лизинг од еден закупец на друг?
Не може да се префрли договорот. Постоечкиот договор се раскинува (со плаќање на пеналите за раскинување) и се склучува нов Договор за оперативен лизинг со новиот Закупец.
Дали е подобро да се уплати поголем или помал депозит?
Висината на депозитот има влијание на висината на месечната закупнина. Доколку Закупецот сака пониска закупнина, депозитот треба да биде поголем и обратно, доколку сака повисока закупнина депозитот треба да биде помал.
Дали е подобро закупот да се земе на подолг или пократок период?
Должината на периодот влијае на висината на месечната закупнина. Доколку Закупецот сака пониска закупнина периодот на закуп треба да биде подолг и обратно, доклоку му одговара повисока закупнина, периодот треба да биде пократок.
Кога може да се врати возилото и кога е најдобро да се врати возило земено на оперативен лизинг?
Возило за кое е склучен договор за оперативен лизинг најдобро е да се врати по истек на периодот на закуп, односно така како што е дефинирано со Договорот. Закупецот може да го врати возилото и пред истек на периодот на закуп, но во тој случај е должен да плати надомест во износ од 6 месечни закупнини и надомест на евентуалната разлика помеѓу книговодствената вредност ва возилото и неговата пазарна вредност(проценета од овластен проценител) на денот на раскинување на договорот.
Што се случува со депозитот при предвремено враќање на возилото?
Доколку Закупецот го врати возилото на Закуподавачот пред истек на периодот на закуп, депозитот се намалува за износот на пеналите наведени во одговорот на претходното прашање, а остатокот се враќа на Закупецот.
Што се случува со депозитот при враќање на возилото на крајот на периодот на закуп?
Депозитот се враќа во целост ако се испочитувани сите ставки дефинирани во договорот за оперативен лизинг (километража и општата состојба на возилото).
Дали може да се превземе договорот за оперативен лизинг?
Не може! Се раскинува договорот со стариот закупец (со плаќање на панели за раскинување) и се прави нов Договор со новиот Закупец. Закупот е сличен на рентањето.
Дали со новиот Закупец може да се направи договор под истите услови како и со стариот?
Не (затоа што се менува основната вредност на возилото – помала е).
Дали Закупецот може директно да го купи возилото од Закуподавецот?
Не! По истек на Договорот за оперативен лизинг, доколку Закупецот сака да го купи возилто, тоа не може да го направи преку Закуподавачот. Тоа исклучиво може да се купи од трето лице (на пр. дилерот).
Кој го регистрира автомобилот?
Првата регистрација ја врши Закуподавецот. Пререгистрацијата ја врши самиот клиент со помош на Овластување за регистрација кое корисникот го добива од закуподавецот. Исклучок се оние клиенти кои имаат склучено и договор за сервисирање, па пререгистрацијата ја врши Закуподавецот како дел од целосните услуги кои се дел во тој договор.
На кои таблици се регистрира возилото?
Кај оперативниот лизинг возилото се регистрира во седиштето на ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ, а тоа е Скопје.