Прашања и одговори - осигурување

Дали при земање на возило на лизинг или закуп каско осигурувањето е задолжително и во кои осигурителни куќи може да се извади?

Каско осигурувањето е задолжително во текот на целото времетраење на договорот за лизинг. Каско полиса може да се извади во некоја од следните осигурителни куќи со кои ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ соработува: ВАРДАР Осигурување АД, ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје и Друштво за осигурување УНИКА АД. Каско полисата има важност од една година и се каско осигурувањето се обновува секоја година до крај на договорот за лизинг. Каско полисата е услов за превземање на предметот на лизинг/закуп.

Како да се постапи при настанување на делумна штета?

За настанувањето на штетен настан, делумна штета, над предметот на лизинг/закуп треба да се извести осигурителната куќа која ја издала каско полисата и ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ.

Полициски записник или не?

Полицисиот записник е пожелен, но не е неопходен при настанување на помали штети , гребаници и сл. Полициски записник е задолжителен доколку е настаната штета предизвикана од трето лице во сообраќајот.

Учество во штетата?

Учеството во штетата го договара самиот клиент при вадењето на каско полисата. ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ прифаќа полиси со најмногу 500 ЕУР франшиза (учество во штета). Пример: Франшиза од 200 ЕУР значи доколку штетата е проценета на 800 ЕУР, осигурителната куќа ќе покрие 600ЕУР, а клиентот 200 ЕУР.

Како да се постапи при кражба на предметот на лизинг/закуп?

По констатирањето на штетниот настан – кражбата, штетата мора да се пријави во МВР од каде се добива потврда за пријавена кражба. Оваа потврда се доставува до осигурителната куќа што ја издала каско полисата и до ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ. За понатамошните чекори се добиваат сите потребни информации од ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ.

Каде да се поправи настанатата штета на возилото?

Клиентот е обврзан сите видови на поправки, сервиси, прегледи и сл. да ги врши во овластените сервиси. Во спротивно клиентот го губи правото на гаранција за купеното возило.

Дали кај финансискиот лизинг учеството се враќа при кражба на возилото?

Во случај на кражба на возилото дадено на финансиски лизинг, учеството не се враќа на Корисникот на лизинг.

Има ли Корисникот на лизинг право на било какво финансиско обесштетување при кражба или тотална штета?

Корисникот на лизинг има право на поврат на средства во износ од разликата помеѓу уплатата од осигурувањето и остатокот на долгот што клиентот го има во лизинг компанијата.

Што се случува со депозитот кога ќе се случи тотална штета или кражба на пердметот на закуп?

Депозитот се враќа на Закупецот откако ќе се наплати штетата од осигурувањето, освен во случаите кога од сумата добиена од осигурувањето не можат да се покријат побарувањата на ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ.

Каско полиси?

Во рамките на секоја полиса се дефинирани поимите: делумна штета, тотална штета и кражба. Овие штетни настани се покриени со каско полисата. Клиентот мора во зависност од дејноста (доколку е во прашање Rent a Car или такси компанија) да доплати за таа дејност според равилата на работење на осигурителните компании.

Тотална штета?

За тотална се смета онаа штета при која осигурениот предмет – возилото е целосно уништен или уништен е до тој степен да поправката е или невозможна или економски неисплатлива.