Речник
Аванси
однапред платени износи кои купувачот ги плаќа на добавувачот при набавка на основни средства, матерјали или стока.
Амортизација
алокација на трошоците за набавка на матерјални добра на расходи по периоди во кои се остваруваат услуги од добрата. Амортизацијата е постепено намалување на добрата на претпријатието, а се пресметува годишно по постапка предвидена со закон.
Ануитет
или лизинг рата, се отплатува постепено според посебен амортизациски план, при што во ануитетот се вклучени дел од основниот долг и соодветната камата. Делот од долгот и каматата се одредуваат на тој начин да на крај на периодот долгот биде во целост исплатен.