Финансиски лизинг
Зошто финансиски лизинг?
Финансискиот лизинг е вид на финансирање кој подразбира постоење на три учесници: корисник на лизинг, давател на лизинг и испорачател. Тоа претставува модерен начин на финансирање и првенствено е наменет за клиентите кои по истек на договорот сакаат да го задржат возилото. Овој вид на лизинг е исто така погоден и за фирмите кои сакаат да го амотризираат возилото во деловните книги, со оглед на тоа што истото се евидентира како финансиска сопственост на Корисникот на лизинг.
Лизингот е договорен однос кој на Корисникот на лизинг му овозможува користење на некое добро (предмет на лизинг), кое е во споственост на Давателот на лизинг (т.е. лизинг куќата) во замена за договорена лизинг рата.
- Стандарден рок на отплата 24-72 месеци
- Стандардно минимално учество за физички лица е 20% од бруто цената на возилото, а минималното учество за правни лица е 15% од бруто цената на возилото
- Возилото се евидентира и амортизира како сопственост на Корисникот
- Со исплата на последната рата возилото преминува во сопственост на Корисникот на лизинг