Врз основа на УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЛИЗИНГ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА донесена од Влада на Република Северна Македонија (Сл.Весник на РСМ бр.90 од 04.04.2020 г.) ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, со седиште на бул.Босна и Херцеговина бр.3, Скопје, со ЕМБС 6299482, со цел да им помогне на своите клиенти, на ден 09.04.2020 година, ја објавува следната:

ПОНУДA

за одложено плаќање на обврските (мораториум) кои произлегуваат од склучените договори за финансиски лизинг

Со оваа понуда, ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, на сите свои корисници на возила на финансиски лизинг, со почеток од 01.04.2020 година, им нуди можност за одложено плаќање, со одложен рок на плаќање од 90 дена, на договорните обврски (месечни лизинг рати) кој се предвидени со договорите за финансиски лизинг и планот за отплата од истите.

Понудата се смета за доставена до сите корисници на денот на објавување на веб-страницата на компанијата (09.04.2020).

Доколку корисникот на финансиски лизинг во рок од 10 (десет) дена од објавување на оваа понуда,

Физичко лице - не одговори по писмен или електронски пат или не ја одбие истата, понудата ќе се смета за прифатена,

Правно лице - не одговори по писмен или електронски пат со барање дека ја прифаќа понудата, истата ќе се смета за одбиена.

Во случај на одбивање на понудата (физичко лице) или поднесување на барање за прифаќање на понудата (правно лице), клиентот треба да наведе целосни податоци, и тоа,

  • Име и презиме/ Назив на правното лице
  • Број на договор/и
  • ЕМБГ/ ЕМБС
  • Информација за контакт

Официјална е-маил адреса: info(kwfat)porscheleasing.com(kwfdot)mk

Одложувањето на плаќањето започнува по истекот на рокот од десет дена од датумот на објавување на оваа понуда на официјалната веб страна на друштвото www.porscheleasing.com.mk и ќе важи за период од 01.04.2020 до 30.06.2020 година.

Корисникот на финансиски лизинг е ослободен од дополнителни трошоци за прифаќање на оваа понуда.

  • Траењето на договорот за лизинг се продолжува за период во траење на мораториум (минимум 90 дена);
  •  Во текот на застој за плаќање на обврските, Давателот на лизинг ќе врши пресметка на договорната камата на остаток на главница и пресметаниот износ сразмерно ќе се распредели на преостанатите рати за надомест на лизинг, до истек на договорот, а по истек на периодот на застој, во согласност со Уредбата со законска сила за примена на законот за лизинг за време на вонредна состојба, следствено на кое, ратата за надомест за лизинг ќе се зголеми за одреден износ од истек на мораториумот (вредност под број 4).

Доколку имате било какви прашања, Ве молиме да не контактирате на info(kwfat)porscheleasing.com(kwfdot)mk.