Врз основа на УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЛИЗИНГ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА донесена од Влада на Република Северна Македонија (Сл.Весник на РСМ бр.90 од 04.04.2020 г.) ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, со седиште на бул.Босна и Херцеговина бр.3, Скопје, со ЕМБС 6299482, со цел да им помогне на своите клиенти, на ден 09.04.2020 година, ја објавува следната:

ПОНУДA

за пролонгирано плаќање на обврските кои произлегуваат од склучените договори за оперативен лизинг - закуп на возила

Со оваа понуда, ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје, на сите свои корисници на услуги за закуп на возила, со почеток од 01.04.2020 година, им нуди можност за пролонгирано плаќање со рок од 90 дена, на договорните обврски (месечни задолжувања) кој доспеваат во текот на вонредната состојба.

Понудата се смета за доставена до сите корисници на денот (09.04.2020) на објавување на веб-страницата на компанијата: www.porscheleasing.com.mk.

Олеснувањата нема да се применуваат доколку закупецот не ја прифаќа оваа понуда и продолжи редовно да ги намирува своите обврски.

Официјална е-маил адреса: info(kwfat)porscheleasing.com(kwfdot)mk.

Одложување на плаќањето започнува по истекот на рокот од десет дена од датумот на објавување на оваа понуда на официјалната веб страна на друштвото и важи за период од 01.04.2020 до 30.06.2020 година.

Закупецот е ослободен од дополнителни трошоци за прифаќање на оваа понуда.

Поимот пролонгирано плаќање од оваа понуда подразбира дека ПОРШЕ ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје ќе продолжи да ги фактурира услугите кон своите клиенти во време на вонредна состојба, но со даден рок на плаќање од 90 дена кој ќе биде искажан во доставените фактури, што не ги спречува корисниците да ги намируваат обврските во пократок рок во согласност со нивните можности.

Репрезентативен пример со понуда за пролонгирано плаќање на обврски од 90 дена за договор за оперативен лизинг, со почеток од 01.04.2020 година

  • Траењето на договорот за оперативен лизинг не се продолжува.

Доколку имате било какви прашања, Ве молиме да не контактирате на info(kwfat)porscheleasing.com(kwfdot)mk.