Порше Финансиска Групација Македонија

Компанија со традиција

Благодарејќи на светскиот углед, традиција и искуство на Австрискиот Порше Холдинг, Порше Финансиката Групација во Македонија (која ја сочинуваат Порше Лизинг ДООЕЛ и Порше Брокер АД) воведува нови производи и модели на финансирање, закуп и осигурување на автомобили кои во потполност одговараат на високите еврпоски стандарди

Квалитетната понуда и големата можност за избор на модел на финансирање, закуп и осигурување на возилата, дополнета со врвни технолошки решенија и доверливост на VW Концернот, се доказ дека Порше Финансиска Група Македонија е Вашиот најдобар партнер на патот кон избор на врвен автомобил

Приказната за Порше Финансиската Групација започнува уште од 1966 година кога Порше ја има основано првата лизинг компанијасо седиште во Салзбург, во Австрија (денешна Порше Банка). Континуираниот раст во лизинг работењето, доведува до тоа да во 1985 година истата компанија прерасне во високо специјализирана финансиска институција со фокус на продажба на возила- Porsche Bank AG.

Во почетокот на 90-тите Порше ги има препознаено можностите кои почнале да се создаваат во земјите од средна и југоисточна Европа, па компанијата почнува да се шири во земјите како што се Унгарија, Романија, Словачка, Словениа, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Украина, Албаниа и Босна и Херцеговина. Покасно ќе се приклучат и нови земји, како на пример Колумбија и Чиле.

Подетални информации за нашата компанија оснивач можете да видите на сајтот: