Финансиски лизинг

Зошто финансиски лизинг?

Финансискиот лизинг е вид на финансирање што подразбира постоење на три учесници: корисник на лизинг, давател на лизинг и испорачател. Тоа претставува модерен начин на финансирање и првенствено е наменет за клиентите кои по истек на договорот сакаат да го задржат возилото. Овој вид на лизинг исто така е погоден и за фирмите кои сакаат да го амотризираат возилото во деловните книги, со оглед на тоа што истото се евидентира како финансиска сопственост на Корисникот на лизинг.

Лизингот е договорен однос кој на Корисникот на лизинг му овозможува користење на некое добро (предмет на лизинг), кое е во споственост на Давателот на лизинг (т.е. лизинг куќата) во замена за договорена лизинг рата.

Потребен ви е совет?

Доколку имате двоумење околу услугите кои ги нудиме , ве молиме слободно да ни се обратите.

  • Стандарден рок на отплата 24-72 месеци

  •  Стандардно минимално учество за физички лица е 20% од бруто цената на возилото, а минималното учество за правни лица е 15% од бруто цената на возилото

  • Возилото се евидентира и амортизира како сопственост на Корисникот

  •  Со исплата на последната рата возилото преминува во сопственост на Корисникот на лизинг

     

10 Причини зошто финансиски лизинг

  1.  Едноставен производ

  2.  Транспарентна и разбирлива финансиска понуда

  3.  Флексибилни, индивидуални и брзи решенија и процедури

  4.  Брзите процедури овозмоѓуваат да во рок од 48 часа дојдете до автомобил

  5.  Новоформирани компании можат да аплицираат за лизинг ( со гарант друго правно лице)

  6.  Можност за реализација на лизинг без дополнителни обезбедувања/гаранции

  7.  Кај правните лица предметот на лизинг (возилото) во билансите се води како основно средство што е основа за пресметување на амортизација за истото

  8. Во биласот на состојба, финансискиот лизинг се води преку евидентирање во делот на средствата и обврските. Во случај на финансирање по пат на финансиски лизинг каматата(надоместот за лизинг) се третира како финансиски расход во билансот на успех на претпријатието, додека лизинг ратите се распоредуваат како намалување на обврските по основ на лизинг.
  9. Во текот на времетраењето на договорот за финансиски лизинг, сопственик над лизинг предметот (возилото) е лизинг компанијата која го одобрила лизингот.
  10. Со отпалата на последната лизинг рата, Корисникот на лизинг станува сопственик над лизинг предметот (возилото)