Правни лица
Зошто финанскиот лизинг е добар избор за правните лица?
Финанскиот лизинг е модерен начин на финансирање и посебно е погоден за физички лица бидејќи по завршувањето на периодот на лизинг, отплата на последната лизинг рата, клиентот станува сопственик на возилото
Овој вид на финансирање е најдобар за правни лица кои набавуваат товарни возила во насока на обавување на својата дејност.
Потребна документација за одобрување на финансиски лизинг за правни лица:
-
Понуда од снабдувачот потпишана од страна на подносителот на барањето
-
Понуда за финансирање прифатена од страна на подносителот на барањето
-
Пополнето барање за финансирање со изјава (образец на Порше Лизинг)
-
Согласност за прибавување на извештај од кредитното биро
-
Потврда од банка за промет, блокираност на сметките и просечната состојба на сметките кај деловните банки во последните 6 (шест) месеци
-
Фотокопија на билансот на успех на ден 31.12. за последните две години
-
Фотокопија на билансот на состојба на ден 31.12. за последните две години
-
Заклучен лист за тековната година
-
Фотокопија од извод од Централен регистар не постар од 3 месеци
-
Фотокопија од депонирани потписи од банки
-
ЕДБ - потврда за извршено евидентирање за ДДВ
-
Фотокопија од лична карта (сите страни)/ препис на електронска лична карта и пасош на овластениот застапник (оригинални документи на увид)
-
Фотокопија на лична карта (пасош) на сите вистински сопственици во согласност со изјавата
-
Шематски преглед на сопственичката структура (во случај на две или повеќе нивоа на сопственост)
-
Основачки акт - кога подносителот на барањето е граѓанска организација. (Граѓански организации се спортски организации, синдикати, верски заедници, заводи, невладини и непрофитни организации, фондации...)
-
Задолжителни средства на обезбедување кои се доставуваат при склучувањето на договорот:
-
Соло бланко меници и менична изјава
Naši partneri






