Кодекс на однесување

Порше Финансиска Група Македонија (која ја сочинуваат Порше Лизинг ДООЕЛ и Порше Брокер АД) е дел од Порше Холдинг кој преку своите ќерки фирми, членки на холдингот, работи во 15 земји ширум светот.

Друштвената одговорност и високите етички стандарди допринсуваат да Порше Финансиска Група Македонија биде една од најдобрите во доменот на пазарот на финансиски лизинг, закуп на возила и застапување и посредување во делот на осигурувањето. 

Со воведувањето на кодексот на однесување правиме уште еден доследен чекор кон перцепирање на меѓународната и локалната одговорност. Нашиот кодекс на однесување представува стандардизиран кодекс на однесување кој се применува во сите земји на Порше Холдинг групацијата.