Усогласеност и интегритет 

Порше Финансиска Група Македонија (која ја сочинуваат Порше Лизинг ДООЕЛ и Порше Брокер АД) се обврзува да ги почитува сите закони и интерни регулативи и да дејствува како одговорен деловен партнер и член на нашето општество. Ова се подразбира дека ја вклучува и нашата непоколеблива посветеност на правилните начела и принципи.

Што е усогласеност?

Усогласеност значи почитување на сите применливи закони, регулативи и интерни правила. Усогласеноста ја дефинира правната рамка и цели кон спречување на непочитувањето, уште пред тоа да се случи.

Што е интегритет?

Интегритетот значи делување на коректен начин врз основа на личното убедување - одговорно делување кон компанијата, кон деловните партнери и како член на нашето општество.

Поради тоа, интегритетот и усогласеноста не се само нешта кон коишто нашата компанија се стреми - туку, ние интегритетот и усогласеноста ги гледаме како основни компоненти на нашата корпоративна култура.