Партнер во осигурувањето

Порше Брокер АД Скопје - Акционерско друштво за вршење на осигурително брокерски работи е член на Порше финансиската групација во Македонија и претставува идеално надополнување на понудите за финанисиски и оперативен лизинг кои ги нуди Порше Лизинг. 

Порше Брокер за сите свои клиенти кои ги користат возилата на брендовите застапувани од Порше Македонија, им обезбедува најповолни услови за склучување каско полиси и полиси за авто одговорност. 

Порше Брокер АД Скопје - Акционерско друштво за вршење на осигурително брокерски работи соработува со следните осигурителни компании:  

  • Сава Осигурување а.д. Скопје
  • Триглав Осигурување АД Скопје
  • А.Д. Осигурителна полиса Скопје
  • Уника а.д. Скопје
  • Еуролинк Осигурување А.Д. Скопје