Каде се наоѓа Порше Лизинг?

Порше Лизинг се наоѓа во Општина Бутел на бул. Босна и Херцеговина бр. 3, Скопје.

Зошто Порше Лизинг е ориентиран на финансирање на возилта од VW групата?

Затоа што ПОРШЕ ЛИЗИНГ дејствува како финансиска поддршка на увозникот на возила на VW групата, со цел подобрување на продажбата на возилата: VW, Audi, Seat, Skoda, Porsche и MAN.

Што подразбира финансискиот лизинг?

Финансискиот лизинг е вид на финансирање кој подразбира постоење на три страни: корисник на лизинг, давател на лизинг и испорачател. Тоа претставува модерен начин на финансирање и пред сè е наменет за клиентите кои по истек на договорот сакаат да го откупат возилото. Овој вид на лизинг е исто така соодветен и за фирмите кои сакаат да го амотризираат возилото во деловните книги, со оглед на тоа што истото се евидентира како финансиска сопственост на Корисникот на лизинг.

Која е разликата помеѓу финансирањето по пат на лизинг во однос на кредит?

За разлика од кредитот, по пат на финансиски лизинг се финансира конкретен предмет кој станува сопственост на корисникот на лизинг дури откако ќе биде исплатена последната рата. Кај договорот за финасирање преку кредит правен и економски сопственик на возилото е корисникот на кредит.

Која е разликата помеѓу финансискиот и оперативниот лизинг?

Основна разлика помеѓу финансискиот и оперативниот лизинг е во тоа што финансискиот лизинг претставува финансирање на купувањето (корисникот на лизинг станува сопственик на предметот на лизинг со исплата на последната лизинг рата), додека оперативниот лизинг (закупот) е замислен како користење на предметот на лизинг. Кај оперативниот лизинг возилото се дава на користење, што е многу слично на рент а кар. По завршувањето на периодот на закуп не доаѓа до промена на сопственоста, туку возилото се враќа на закуподавецот. Оперативниот лизинг најмногу одговара на фирмите кои релативно често го менуваат возниот парк.

Што сè може да биде предмет на финансирање и од каде може да се одбере предметот на лизинг?

Порше Лизинг финансира патнички и комерцијални возила од брендовите Volkswagen, Porsche, Audi, СЕАТ, Škoda и MAN.  Предметот на лизинг може да се одбере во салоните на нашите овластени Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN дилери.

Кој е минималниот рок на кој може да се склучи договорот за финансиски лизинг?

Минимален рок на кој може да се склучи договорот за финансиски лизинг е една година.

Од што зависи брзината на реализација на финансискиот лизинг?

Брзината на реализација на финансискиот лизинг пред сè зависи од тоа дали клиентот ја доставил комплетната документација која е потребна за добивање на финансиски лизинг. Од моментот на комплетирање на потребната документација до реализација на финансискиот лизинг потребни се 48 часа.  

Кое е минималното учество?

Висината на учеството се одредува според бонитетот на клиентот и се движи во интервалот од 15% до 50%.

Има ли ограничување во однос на висината на ратата?

Во финансискиот лизинг ратата не треба да биде поголема од 40% од вкупните редовни приходи на тоа лице при што предвид се земени и другите лизинг/кредитни обврски кои клиентот веќе ги има. Ограничувањето на висината на ратата кај правните лица се одредува според бонитетот на клиентот.

По кој курс се смета месечната рата?

За уплата на месечната рата се зема продажниот курс на Комерцијална банка АД Скопје на денот на изработка на повикот за плаќање. Повикот за плаќање на месечната рата се праќа на почетокот од месецот на адреса на корисникот на лизинг.

Дали лизинг ратите се фиксни или променливи?

Ратите се со варијабилна каматна стапка за ЕУР и е врзана на тримесечен EURIBOR. Во случај на пораст на тримесечниот EURIBOR, ќе дојде до промена на ратата.

Кои се инструментите за обезбедување на предметот на лизинг?

За време на траење на договорот за лизинг, компанијата го задржува правото на сопственост над предметот, што претставува главен инструмент за обезбедување. Исто така за цело времетраење на договорот за лизинг возилото предмет на лизинг мора да биде КАСКО осигурано во корист на сопственикот т.е Порше Лизинг.

Дали е потребен гарант?

Дали ќе биде потребен гарант или не зависи од бонитетот на клиентот. Доколку се процени дека клиентот без проблем може да ја плаќа месечната рата, гарант не е потребен.

Што е барање за финансирање?

Барањето за финансирање е формулар во кој клиентот ги внесува своите податоци (доколку е физичко лице) или податоците од фирмата (доколку е правно лице). 

Дали се одобрува финансирање на фирми кои работат помалку од една или една година?

Се одобрува, но во тој случај фирмата мора да има гарант.

Дали е релевантна пријавената плата на клиентот или онаа која реално ја прима?

За процена на бонитетот кај физичките лица се зема пријавената плата на која се плаќаат придонеси со доказ дека истата ја прима на својата трансакциска сметка на месечна основа.

Колку време е потребно за одобрување на финансирањето?

Одобрувањето зависи од бонитот на клиентот. Просечно потребно време за одобрување (доколку клиентот доставил комплетна документација) е 24 часа, додека за целосна целосна обработка на податоците неопходни се 24 до 48 часа.

Дали странци можат да бидат Корисници на лизинг?

Не, лизингот во Р. Македонија се однесува на државјани на Р. Македонија.

Дали и под кои услови пензионер може да земе автомобил на лизинг?

Пензионерите можат да остварат право на земање на возило на лизинг само ако Договорот за лизинг/закуп завршува пред да навршат 72 години старост (притоа да биде исполнет основниот услов - максимално оптоварување на пензијата е 40%). Овие договори најчесто се реализираат преку обезбедување на кредитно способен жирант.

Дали е неопходно каско осигурување?

Да, каско осигурувањето е задолжително! Тоа е многу важен елемент во лизингот. Каско осигурувањето гарантира надоместок на штета во случај на штетен настан во периодот на важност на договорот за лизинг.

Која е процедурата во случај на кражба на возилото?

Со оглед на тоа дека сопственици на Предметот на лизинг се лизинг компаниите сè до отплата на последната рата од страна на Корисникот на лизинг, Предметот на лизинг мора да биде каско осигуран како еден вид на обезбедување на истиот. Во случај на кражба, осигурителната куќа ја исплаќа премијата на давателот на лизинг затоа што во полисата како осигуреник се јавува лизинг компанијата.

Што се случува при тотална штета?

Во случај на штета полицијата врши увид, се прави записник, штетата се пријавува во осигурителната компанија, која потоа прави пресметка и таквата пресметана штета ја исплаќа на Давателот на лизинг (лизинг компанијата). Потоа Давателот на лизинг прави конечна пресметка и ја исплаќа разликата на клиентот, т.е. на Корисникот на лизинг.

Кој го регистрира возилото?

Првата регистрација ја врши Давателот на лизинг. Пререгистрацијата ја врши самиот клиент со помош на Овластување за регистрација  кое корисникот го добива од давателот на лизинг.

На кои таблици се регистрира возилото?

Кај финансискиот лизинг возилото може да се регистрира во Скопје или во некоја од подружниците на ПОРШЕ ЛИЗИНГ во Битола, Охрид и Куманово.

Дали е можно предвремена отплата на предметот на лизинг во финансискиот лизинг?

Корисникот на лизинг може предвремено да го отплати предметот на лизинг по истекот на една година од датумот на склучување на договорот за лизинг.

Што се случува кога корисникот на лизинг не е во состојба да плаќа надоместок?

Давателот на лизинг има право да го одземе предметот на лизинг, но и во забрзана процедура која е во согласност со Законот за лизинг. Корисникот на лизинг нема право на поврат на претходно уплатените рати по основa на договорот на лизинг, затоа што предметот на лизинг е користен и корисникот на лизинг остварил добивка преку користење на наведениот предмет.

Како се пренесува сопственоста на предметот на лизинг на корисникот на крајот од договорот за лизинг?

По плаќањето на откупната опција (во финансискиот лизинг тоа е последната рата) и проверка дали се расчистени сите обврски по конкретниот договор, се потпишува купопродажен договор со кој се пренесува правото на сопственост.

Дали може да се преземе договор за финансиски лизинг?

Договорот за финансиски лизинг може да се преземе единствено по истек на една година од датумот на склучување на договорот и под истите услови кои ги имал претходниот корисник на лизинг.

Што е оперативниот лизинг (закуп)?

Закупот е договор во кој Закуподавачот му дава возило на употреба на Закупецот, а Закупецот се обврзува дека за тоа ќе плаќа одреден надоместок (закупнина). Со договорот не се предвидува откуп и основната замисла е користење на предметот на закуп, а не сопственост над истиот. Оперативниот лизинг дава можност  Закупецот да го врати возилото по истек на договорот или да склучи нов договор за ново и помодерно возило.

Кој може да склучи договор за оперативниот лизинг (закуп)?

Договор за оперативен лизинг (закуп) може да склучи и физичко и правно лице.

Кој е сопственик на предметот на закуп?

За време на траење на договорот за оперативен лизинг, предметот на закуп е во сопственост компанијата која го одобрила закупот (ПОРШЕ ЛИЗИНГ). По истек на договорот, сопственоста над предметот на закуп не се пренесува на закупецот.

Кои се предностите на закупот?
  • Користење на возилото, а не стекнување на сопственост (за разлика од финансискиот лизинг).
  • Оптимално користење за правните лица од даночен аспект.
  • Закупот за билансот претставува неутрален модел на финансирање , кој не ја зголемува задолженоста на претпријатието и ја подобрува ликвидноста.
  • Закупот ја смалува основицата на данокот на добивка со оглед на фактот што ратите во сметководството се водат како трошок.
  • Предметот на лизинг во книгите на компанијата што го одобрила закупот се води како основно средство.
  • Закупнините се плаќаат месечно од приходите кои претпријатието  ги остварува од користењето на предметот на закуп и се засновани на принципот: плаќај како што заработуваш.
  • Закупнините се фиксни и служат како основа за јасна и прецизна калкулација на трошоците по периоди, што е многу значајно за претпријатието.
Кои се предностите за клиентите доколку одлучат возилото да го земат на оперативен лизинг?
  • Возилото не се прикажува како имот во книгите.
  • Трошоците за закуп на возилото се пресметуваат материјалните трошоци.
  • Трошоците лесно се планираат, бидејќи закупот претставува стабилна структура на трошоците во облик на месечна рата - закупнина изразена во евра.
  • Минимално ангажирање на сопствен капитал.
  • Непостоење на долгорочни обврски - одговороност за возилото само во периодот предвиден со договорот за оперативен лизинг. 
  • По истекот на договорот возилото може да се замени за ново или да се врати без било каква обврска. 
  • Процедурата за одобрување на оперативен лизинг е едноставна и кратка. 
  • Приспособливост на понудата. 
  • Закуподавачот и Закупецот можат да договорат и услуги за одржување, сервисирање и замена на делови т.н. Fleet management, како и да го платат осигурувањето, регистрацијата и пневматиците на рати заедно со основната закупнина.
Дали е каско осигурувањето неопходно?

Да, каско осигурувањето е задолжително! Тоа е многу важен елемент на оперативниот лизинг. Каското гарантира надоместок на штета во случај на штетен настан за време на траењето на договорот за лизинг.

Што сè може да биде предмет на закуп и каде може да се одбере истиот?

Порше Лизинг одобрува закуп за патнички и комерцијални возила од брендовите Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN. Предметот на закуп може да се избере во салоните на нашите овластени дилери на Volkswagen, Porsche, Audi, SEAT, Škoda и MAN.

Кој е минималниот рок на кој може да се склучи договор за оперативен лизинг?

Минималниот рок на кој може да се склучи договор за оперативен лизинг е една година.

Кој е максималниот период на закуп?

Периодот на закуп зависи од бонитетот на клиентот (способноста за плаќање) и од самиот предмет на закуп. Најдолг период на финансирање е 5 години.

 

Од што зависи брзината на реализација на закупот?

Брзината на реализација зависи првенствено од тоа дали клиентот доставил комплетна документација потребна за добивање на оперативен лизинг. Од моментот на комплетирање на потребната документација до реализација потребни се 48 часа. 

Дали депозитот може да биде 0%?

Може, но само за правни лица со исклучително добар бонитет.

Како клиентот ја плаќа закупнината?

Закупнината се плаќа по фактура која се издава за секоја месечна закупнина на почетокот на месецот. Фактурата треба да се плати до 15-ти во месецот во согласност со планот на плаќање.

По кој курс се уплаќаат закупнините?

Закупнините се плаќаат по продажниот курс на Комерцијална банка АД Скопје на денот на издавање на месечната фактура.

Каква е процедурата на префрлање на договорот за оперативен лизинг од еден закупец на друг?

Договорот не може да се префрли. Постојниот договор се раскинува (со плаќање пенали за раскинување) и се склучува нов Договор за оперативен лизинг со новиот Закупец.  

Дали е подобро да се уплати поголем или помал депозит?

Висината на депозитот има влијание на висината на месечната закупнина. Доколку Закупецот сака пониска закупнина, депозитот треба да биде поголем и обратно, доколку сака повисока закупнина депозитот треба да биде помал.

Дали е подобро закупот да се земе на подолг или пократок период?

Должината на периодот влијае на висината на месечната закупнина. Доколку Закупецот сака пониска закупнина периодот на закуп треба да биде подолг и обратно, доколку му одговара повисока закупнина, периодот треба да биде пократок.

Кога може и кога е најдобро да се врати возилото земено на оперативен лизинг?

Возило за кое е склучен договор за оперативен лизинг најдобро е да се врати по истек на периодот на закуп, односно така како што е дефинирано со Договорот. Закупецот може да го врати возилото и пред истек на периодот на закуп, но во тој случај е должен да плати надоместок во износ од 6 месечни закупнини и надоместок на евентуалната разлика помеѓу книговодствената вредност ва возилото и неговата пазарна вредност (проценета од овластен проценител) на денот на раскинување на договорот. 

Што се случува со депозитот при предвремено враќање на возилото?

Доколку Закупецот го врати возилото на Закуподавачот пред истек на периодот на закуп, депозитот се намалува за износот на пеналите наведени во одговорот на претходното прашање, а остатокот се враќа на Закупецот.

Што се случува со депозитот при враќање на возилото на крајот на периодот на закуп?

Депозитот се враќа во целост ако се испочитувани сите ставки дефинирани во договорот за оперативен лизинг (километража и општата состојба на возилото).

Дали може да се преземе договорот за оперативен лизинг?

Не може! Се раскинува договорот со стариот закупец (со плаќање пенали за раскинување) и се прави нов Договор со новиот Закупец. Закупот е сличен на рентањето.

Дали со новиот Закупец може да се направи договор под истите услови како и со стариот?

Не (затоа што се менува основната вредност на возилото - помала е).

Дали Закупецот може директно да го купи возилото од Закуподавецот?

Не! По истек на Договорот за оперативен лизинг, доколку Закупецот сака да го купи возилото, тоа не може да го направи преку Закуподавачот.

Кој го регистрира автомобилот?

Првата регистрација ја врши Закуподавецот. Пререгистрацијата ја врши самиот клиент со помош на Овластување за регистрација  кое корисникот го добива од закуподавецот. Исклучок се оние клиенти кои имаат склучено и договор за сервисирање, па пререгистрацијата ја врши Закуподавецот како дел од целосните услуги кои се дел во тој договор. 

На кои таблици се регистрира возилото?

Кај оперативниот лизинг возилото се регистрира во седиштето на Порше Лизинг во Скопје или во некоја од трите подружници во Куманово, Охрид и Битола.

Дали при земање на возило на лизинг или закуп каско осигурувањето е задолжително и во кои осигурителни куќи може да се извади?

Каско осигурувањето е задолжително во текот на целото времетраење на договорот за лизинг. Каско полиса може да се извади во некоја од следните осигурителни куќи со кои ПОРШЕ ЛИЗИНГ соработува: Триглав Осигурување АД, ЕУРОЛИНК Осигурување АД Скопје, Друштво за осигурување УНИКА АД, САВА Осигурување,  и АД Осигурителна полиса. Каско полисата има важност од една година и се обновува секоја година до крај на договорот за лизинг. Каско полисата е услов за преземање на предметот на лизинг/закуп.

Како да се постапи при настанување на делумна штета?

За настанувањето на штетен настан, делумна штета, над предметот на лизинг/закуп треба да се извести осигурителната куќа која ја издала каско полисата и Порше Лизинг.

Полициски записник или не?

Полицисиот записник е пожелен, но не е неопходен при настанување на помали штети, гребаници и сл. Полициски записник е задолжителен доколку е настаната штета предизвикана од трето лице во сообраќајот или истата е во поголем износ.

Учество во штетата?

Учеството во штетата го договара самиот клиент при вадењето на каско полисата. ПОРШЕ ЛИЗИНГ прифаќа полиси со најмногу 200 ЕУР франшиза (учество во штета). Пример: Франшиза од 200 ЕУР значи доколку штетата е проценета на 800 ЕУР, осигурителната куќа ќе покрие 600 ЕУР, а клиентот 200 ЕУР.

Како да се постапи при кражба на предметот на лизинг/закуп?

По констатирањето на штетниот настан, односно кражба, штетата мора да се пријави во МВР од каде се добива потврда за пријавена кражба. Оваа потврда се доставува до осигурителната куќа што ја издала каско полисата и до Порше Лизинг. За понатамошните чекори, информации се добиваат од Порше Лизинг.

Каде да се поправи настанатата штета на возилото?

Клиентот е обврзан сите видови на поправки, сервиси, прегледи и сл. да ги врши во овластените сервиси. Во спротивно, клиентот го губи правото на гаранција за купеното возило.

Дали кај финансискиот лизинг учеството се враќа при кражба на возилото?

Во случај на кражба на возилото дадено на финансиски лизинг, учеството не се враќа на Корисникот на лизинг.

Има ли Корисникот на лизинг право на какво било финансиско обесштетување при кражба или тотална штета?

Корисникот на лизинг има право на поврат на средства во износ од разликата помеѓу уплатата од осигурувањето и остатокот на долгот што клиентот го има во лизинг компанијата.

Што се случува со депозитот кога ќе се случи тотална штета или кражба на предметот на закуп?

Депозитот се враќа на Закупецот откако ќе се наплати штетата од осигурувањето, освен во случаите кога од сумата добиена од осигурувањето не можат да се покријат побарувањата на Порше Лизинг.

Каско полиси?

Во рамките на секоја полиса се дефинирани поимите: делумна штета, тотална штета и кражба. Овие штетни настани се покриени со каско полисата. Клиентот мора во зависност од дејноста (доколку е во прашање рентакар или такси компанија) да доплати за таа дејност според правилата на работење на осигурителните компании.

Тотална штета?

За тотална се смета онаа штета при која осигурениот предмет - возилото е целосно уништено или уништено е до тој степен што поправката е или невозможна или економски неисплатлива.