Амортизационен план

Амортизациониот план е план на отплата во кој се наведени доспевањата на месечните рати а согласно потпишан договор за Финансиски лизинг и истиот е систавен дел на договорот

Бонитет

Бонитетот представува склоп од позитивни карактеристики на една компанија или друг вид на правни лица. Бонитеот ја инкорпорира ликвидноста, солвентноста, кредитната способност, пазарната положба, рентабилноста и сл. Проценката на бонитеот на клиентот е одлучувачки фактор при одобрување на финансирање а врз основа на поднесено барање за одобрување на лизинг од страна на клиентот.

Времетраење на договорот

Времетраење на договорот го означува временскиот рок на финансирање на возилата воглавно изразен во месеци

Гарант / жирант

Гарант / жирант e правно или физичко лице, кое солидарно се обврзува кон Давателот на лизинг дека ќе ја исполни доспеаната обврска на Корисникот на лизинг.

Гарантен депозит

Гарантен депозит е износ на паричен депозит кај оперативниот лизинг, кој во договорен износ се чува кај Давателот на лизинг за целото времетраење на Договорот, како безкаматно обезбедување за уредно и навремено исполнување на сите доспеани обврски на Корисникот на лизинг.

Давател на лизинг

Давател на лизинг е лизинг компанијата која Предметот на лизинг го предава по пат на лизинг на Корисникот на лизинг.

Ден на почеток на договорот

Ден на почеток на договорот е денот на склучување на Договорот.

Добавувач

Добавувач е физичко или правно лице регистрирано за производство, трговија и/или сервисирање на Предметот на лизинг.

Договор за оперативен лизинг (закуп)

Договор за оперативен лизинг (закуп) е временски одредена правна работа во која Давателот на лизинг го финансира набавениот Предмет на лизинг поради давање на користење (преку лизинг) на Корисникот на лизинг со обврска за подмирување на договорениот надомест за лизинг од страна на Корисникот на лизинг.

Договор за финансиски лизинг

Договор за финансиски лизинг е временски одредена правна работа во која Давателот на лизинг го финансира набавениот Предмет на лизинг поради давање на користење (преку лизинг) на Корисникот на лизинг со обврска за подмирување на договорениот надомест за лизинг од страна на Корисникот на лизинг, кој по истекувањето на договорот врз основ на исполнетите договорни обврски ќе има право да стекне сопственост врз Предметот на лизинг.

Каматна стапка

Каматната стапка е процентуално изразена надохнада која должникот ја плаќа на доверителот за времето на користење на кредитот.

Корисник на лизинг

Корисник на лизинг може да биде физичко или правно лице кое склучува Договор за лизинг со Давателот на лизинг.

Наемнина

Наемнина е договорен паричен износ кој Корисникот на лизинг се обврзува дека ќе го плаќа на Давателот на лизинг во одреден временски период со одредена динамика доколку е потпишан Договор за закуп.

Остаток на вредност

Остаток на вредност е договорно утврдена вредност на Предметот на лизинг, која се темели на очекуваната пазарна вредност на Предметот на лизинг во моментот на истекот на Договорот.

Предмет на лизинг

Предмет на лизинг е секој подвижен предмет, односно возило, машина, пловило и др. која Корисникот на лизинг сам ја одбрал кај Добавувачот.

Рата

Рата е договорен паричен износ кој Корисникот на лизинг се обврзува дека ќе го плаќа на Давателот на лизинг во одреден временски период со одредена динамика доколку е потпишан Договор за финансиски лизинг.

Тотална штета

Тотална штета се смета кога осигураниот предмет на лизинг-возило, е уништен во потполност или уништен до тој степен што поправката е невозможна или економоски неисплатлива

Траење на договорот

Траење на договорот е временскиот период за кој е склучен Договорот за лизинг.

Учество

Учество е паричен износ со кој Корисникот на лизинг учествува при склучувањето на Договорот за финаниски лизинг, кој ја намалува основата за пресметување на надоместот за лизинг и не се враќа на Корисникот на лизинг во случај на раскинување на Договорот за финансиски лизинг.